Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка на Македонија (НБМ) вчера одлучи да се задржи тековната монетарна поставеност и референтната каматна стапка од 3,25%. Во економијата се создадени предуслови за одржливо закрепнување на приватниот сектор, односно не е потребен дополнителен монетарен стимул. Оттука, се оценува дека досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна. Излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените во надворешната позиција на економијата и ефектите врз девизните резерви - оцени Комитетот, кој смета дека економското закрепнување ќе продолжи и во следниот период, со динамика слична на оцените дадени во октомвриските проекции, без инфлациски притисоци.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка на Македонија (НБМ) вчера одлучи да се задржи тековната монетарна поставеност и референтната каматна стапка од 3,25%.
- Во економијата се создадени предуслови за одржливо закрепнување на приватниот сектор, односно не е потребен дополнителен монетарен стимул. Оттука, се оценува дека досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна. Излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените во надворешната позиција на економијата и ефектите врз девизните резерви - оцени Комитетот, кој смета дека економското закрепнување ќе продолжи и во следниот период, со динамика слична на оцените дадени во октомвриските проекции, без инфлациски притисоци.
Според најновите проекции, инфлацијата годинава ќе биде пониска од проектираната во октомври, со претежно надолни ризици, иако изразената непредвидливост на ефектите од климатските фактори и геополитичките превирања создаваат неизвесност околу цените на примарните производи, со потенцијални преносни ефекти врз домашните цени.
За движењата на кредитниот пазар остварени во 2013 година се оценува дека биле подобри од очекувањата, а поволните трендови се задржуваат и годинава. Затоа, се очекува забрзан кредитен раст како и раст на депозитите. Девизните резерви, пак, остануваат во сигурната зона.
Како дополнителен фактор на ризик за економијата сега претставуваат и случувањата поврзани со конфликтот помеѓу Русија и Украина, кој може да се оствари преку нестабилност на светските цени на енергентите и на житните производи, а воедно може да има влијание и врз очекуваното економско закрепнување, што наметнува потреба од постојано следење на настаните.